Со енергетски мерки ќе се отворат 3.000 нови работни места во Македонија

Bez autora
Dec 05 2013

Инвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, индустрискиот менаџмент, не само што имаат еколошка и економска димензија, тие ќе овозможат и отворање на нови работни места, подобрување на конкурентноста на домашната економија, како и намалување на увозот на енергенси. Ова се заклучоците на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сараќини на вчерашната промоција на почетокот на два проекти на американската агенција за меѓународен развој УСАИД заедно со Владата на РМ. Проектите ќе овозможат да се реализира зголемување на енергетската ефикасност во индустриските објекти, како и да се подобри регулативата во обновливите извори на енергија. Со имплементацијата на сите енергетски мерки ќе се овозможи да се отворат околу 3.000 нови работни места, а ќе има и иновативен пристап во нашата индустрија, смета министерот Сараќини.

Со енергетски мерки ќе се отворат 3.000 нови работни места во МакедонијаИнвестициите во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, индустрискиот менаџмент, не само што имаат еколошка и економска димензија, тие ќе овозможат и отворање на нови работни места, подобрување на конкурентноста на домашната економија, како и намалување на увозот на енергенси.

Ова се заклучоците на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сараќини на вчерашната промоција на почетокот на два проекти на американската агенција за меѓународен развој УСАИД заедно со Владата на РМ. Проектите ќе овозможат да се реализира зголемување на енергетската ефикасност во индустриските објекти, како и да се подобри регулативата во обновливите извори на енергија.

- Со имплементацијата на сите енергетски мерки ќе се овозможи да се отворат околу 3.000 нови работни места, а ќе има и иновативен пристап во нашата индустрија - смета министерот Сараќини. Тој потсети дека во рок од две години се реконструирани 40 училишни објекти низ Македонија, а тоа ќе придонесе да се намалат нивните сметки за енергија. Тој најави дека од идната година почнуваат и енергетските контроли во кој ќе бидат и опфатени повеќе од 2.400 јавни објекти коишто треба да добијат енергетски пасош. Според Пешевски индустрискиот менаџмент има за цел да ја подобри конкурентната позиција на македонските индустриски компании преку комплементирање на системи за мониторинг и управување со потрошувачката на енергија во нивните производствени погони. Со тоа се штеди енергија и се намалуваат трошоците на производството, а се зголемува конкурентноста на економијата.

- Со обновливите извори на енергија се обезбедува енергија од домашно производство и се намалува зависноста од увоз на електрична енергија, се отвораат нови работни места, се подобрува деловната клима и производите на компаниите, стануваат поконкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Се зголемува извозот, но се заштитува и животната средина, смета Пешевски.

Американскиот амбасадор Пол Волерс на презентацијата на проектите, потенцираше дека заштедата на енергија, всушност значи заштеда на трошоците. Според него добрите владини политики можат да поттикнат и да стимулираат зелени инвестиции и да создадат нови индустрии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik